Заврши сослушувањето на загребскиот градоначалник

Објавено на 21 октомври, 2014 во 07:28

Уапсените во акција на УСКОК, меѓу кои и  градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, шефот на Загребски Холдинг Слободан Љубичиќ и Петар Припуз, беа сослушани  вчера во Службата за борба против корупцијата. Некои од уапсените активно се бранеле, ја презентираа својата одбрана и одговорија на сите прашања, додека други одбија да одговори на прашања од иследниците.

Околу 20 часот заврши испрашувањето на градоначалникот Милан Бандиќ, по што бил однесен да ја помине ноќта во притвор.

Неговиот адвокат Крешимир Kрсник  откри  дека градоначалникот  сè негирал. “Не можам да ви кажам како и на кој начин се браневме, бидејќи тоа е адвокатска тајна. Она што можам да кажам е дека тој целосно ги негираше кривичните дела за кои е обвинет. Она што е важно, истрага уште не започна. Утре ја  чекаме одлуката УСКОК, а ако одиме кај истражен асудија,  ќе видиме дали ќе има барање за притвор”, рече Kрсник.

Тој повтори дека ова е се случува со намера да не се зборува за поважните судењето на  Перковиќ и Мустач, што  се случува во Германија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.