Во Хрватска најавено невреме со опасност по живот

Објавено на 22 октомври, 2014 во 07:00

Ноќеска околината на Загреб ја зафати силно невреме проследено со дожд и грмежи, а во Горски котар е регистриран првиот снег.

Црвена тревога освен за главниот град е вклучена и за северниот дел на земјата, но и за северното приморје и Истра. Граѓаните се предупредени дека се можни оркански ветришта кои на одделни места можат да достигнат брзина од 120 километри на час.

Црвеното предупредување значи дека времето е исклучително опасно. Се прогнозира интензивен метеоролошки настан. Голема штета и незгоди се можни на големо подрачје и тоа во најголемиот број случаи ќе бидат опасни по живот. Често информирајте се за очекуваните метеоролошки услови и ризици.

Следете ги наредбите и советите дадени од страна на државните тела во било кои услови и бидете подготвени за вонредни мерки, наведува Метеоалармот во предупредувањето.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.