Илон Маск бара објаснување за тестовите со кои се дијагностицира Ковид -19
13.11.2020
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск вчера на својот твитер профил пројави сомнеж кога објави дека се тестирал на коронавирус четири пати во ист ден, два теста биле позитивни, а два биле негативни.
– Нешто сомнително се случува. Денес сум тестиран четири пати. Резултатите се двапати позитивни, двапати негативни. Иста машина, ист тест, иста сестра. Брз тест за антиген од БД”, објави на Твитер Маск, веројатно повикувајќи се на брзиот тест на компанијата „Бектон и Дикинсон“.
Маск рече дека бил тестиран и со PCR тест, чии резултати се чекаат 24 часа.
Тој објави дека има симптоми на настинка.
– Ништо невообичаено засега, додаде Маск.
Компанијата „Бектон и Дикинсон“ во септември објави дека ги истражува извештаите од американските домови за стари лица за лажни позитивни тестови на компанијата.
Мите Јаначков
