Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 60 милиони

Објавено на 27 ноември, 2020 во 08:32

covid

27.11.2020

Бројот на регистрирани случаи со Ковид-19 во светот достигна 61,220,840 заразени.

Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата изнесува 1,435,751, а оздравени се 42,323,763 лица според податоците на https://www.worldometers.info/coronavirus/, каде податоците постојано се ажурираат и истите може да се следат.

Како активни случаи се водат над 17,461,326 случаи.

Најмногу заразени од почетокот на пандемијата 13,218,845 има во САД, каде бројот на починати е 269,302 лица.

Потоа по бројот на заразени следуваат Индија и Бразил со 9,308,751, односно 6,204,220 заразени.

Во Русија исто така бројките се големи и се наоѓа на четврто место со 2,187,990 заразени и 38,062 починати. Франција има 2,183,660 заразен и 50,957 починати.

Шпанија, Англија, Италија, Аргентина, Колумбија, Мексико и Германија се земји кои имаат над 1 милион заразени.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.