Серија земјотреси денеска низ светот
Објавено на 3 јануари, 2021 во 17:16
3.01.2021
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала ги погоди Алеутските острови на Алјаска.
Досега нема пријавено повредени, ниту е издадено предупредување за цунами.
Земјотресот се случи на 243 километри од градот Адак на Алјаска. Епицентарот бил на длабочина од 17 километри.
Овие острови, лоцирани на југозападот на Алјаска, се познати како Огнен прстен, а земјотресите и вулканите не се невообичаени во овој регион.
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер, е регистриран попладнево во 15 часот и 17 минути и во Турција.
Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот е со јачина од 4,2 степени, а епицентарот бил на длабочина од 2 километри.