Снег во Ерусалим после седум години

Објавено на 18 февруари, 2021 во 12:33

erusalim

18.02.2021

Ерусалим утрово осамна под снег, што е многу редок случај. Снегот ја прекри и познатата купола на карпата и Западниот ѕид по ноќешното невреме. Децата се маваа со снежни топки надвор од Стариот град, а верниците се движеа кон светите места и за јудаизмот, и за исламот и за христијанството.

Снежната бура почна синоќа, по што властите го запреа јавниот превоз и главниот пат кој води во Ерусалим.

Голем број луѓе дојдоа да го видат снегот.

„Дојдовме од Тел Авив да си играме во снег. Ова навистина е ретка можност да имаме снег во Ерусалим. Тоа последен пат се случи пред седум години“, рече Бен Милер, еден од посетителите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.