Тажна вест: Почина малиот Кико кој требаше да се лекува во Турција

Објавено на 23 јуни, 2023 во 13:55

Утрово почина малиот Кристијан Коцев-Кико од Штип, кој боледуваше ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија. За него во последниот период македонската јавност собираше пари за донации, со кој Кико требаше да биде испратен на лекување во Турција.

Тажната вест за Кико ја сподели и јутјуберот Стефан Лазаров кој активно учествуваше во собирањето парични средства за лекувањето на Кико.

-Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот.. Се дадовме за тебе, се бореше до крај како вистински победник, но за жал не успеа. Многу те сакам, многу ќе ми фалиш братче мое. Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш… Почивај во мир Кико, објави тој на социјалните мрежи.

Детето во последните денови беше сместено во приватна болница во Скопје поради влошената здравствена состојба.

Претходно, пак, беше објавено дека за идната недела ќе се организира концерт во Штип на кој неколку естрадни звезди ќе пејат за Кико. За само четири дена беа донирани повеќе од 50.000 евра за детето да биде лекувано со матични клетки во Истанбул.

Пред два дена министерот за здравство, Фатмир Меџити соопшти дека барање за лекување на малиот Кико не е поднесено во Министерството за здравство, ниту во Фондот за здравство.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.