Трета доза вакцина против корона примиле 30.852 граѓани

Објавено на 1 ноември, 2021 во 13:09

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Вкупно се аплицирани 1.611.685 дози вакцини, а ревакцинирани се 775.825 граѓани, трета доза вкупно примиле 30.852 граѓани.

Во петокот и во саботата вкупно се вакцинирале 5.556 граѓани. Прва доза во петокот и во саботата примиле 950 граѓани. Трета доза во петокот и во саботата примиле 3.482 граѓани.

57% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина

46% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини

38% од вкупното население е има примено една доза вакцина

35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини

54% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.