Тринаесет граѓани го прекршиле полицискиот час
Објавено на 18 мај, 2021 во 13:58
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење на лична заштита на лице, регистрирани се вкупно 375 прекршоци. Додека 13 граѓани не ја почитувала забраната за движење за време на полициски час.
Од Министерството за внатрешни работи, апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.