Утрово земјотрес во јужните делови на земјава
Објавено на 13 декември, 2021 во 09:53

Изутринава во 06 часот и 48 минути во јужните делови на територијата на Северна Македонија е почуствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот бил на 138 километри јужно од Скопје во соседна Грција, со локална Рихтерова магнитуда од 3,1 степен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
