Вакцинацијата се одвива непречено
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираше министерот за здравство Венко Филипче, на својор фејзсбук профил.
-Вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, ревакцинирани се 36.366 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 12.211 граѓани. Прва доза вакцина,вчера примиле 9.711 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани. Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација. Со последните бројки 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 36% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 30% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, додаде Филипче.