Видео порака на Сер Стјуарт Пич, Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан за посетата на Северна Македонија
Објавено на 1 февруари, 2022 во 15:05
За време на посетата на Северна Македонија, Сер Стјуарт се сретна со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, членовите на опозицијата и младите со кои разговараше за идното продлабочување на веќе воспоставените силни билатерални односи помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и ја потврди силната посветеност на Обединетото Кралство на евроатлантската интеграција на Западен Балкан како и посветеноста на Обединетото Кралство на зајакнувањето на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата.