Влада: Во Кривичниот законик се воведуваа кривичното дело „демнење“, а нападите врз новинарите ќе се третираат како напади врз службени лица

Објавено на 28 јули, 2021 во 10:52

Владата го утврди текстот на Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, на Законот за Академија на судии и обвинители, Законот за парнична постапка, на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и Кривичниот законик.

Со измените и дополнувањата во Кривичниот законик, меѓу другото, се предлагаат членови со кои во иднина нападот врз новинар, снимател или фоторепортер ќе се третира исто како напад врз службено лице.

Со предложените измени на Законот за граѓанска одговорност е предвидено значително намалување на сумата којашто ќе ја плаќаат новинарите за изгубен спор за клевета или навреда од сега предвидените 2000 евра на максимални 400 евра.

Со другите измени што се предлагаат како дополнувања на Кривичниот законик се предвидува ново кривично дело „демнење” за да се обезбеди заштита на жените од сексуално и секакво друго вознемирување преку каналите за комуникација вклучувајќи и преку интернет.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.