Во тек е операција на спасување на рударите во рудникот за јаглен во Кина (Видео)
Објавено на 17 декември, 2021 во 09:52

Во илегален рудник за јаглен во Кина поплава зароби 21 рудар под земја, јави денеска Ксинхуа. Поплавен е рудникот за јаглен Ксијаоџи во северната провинција Шанкси.
Акцијата за спасување е во тек, но тешко се спроведува бидејќи спасувачите немаат прецизна мапа на локацијата на рудникот.
Полицијата уапси седуммина осомничени и трага по други, меѓу кои и сопственикот на рудникот, кој, според печатот, е во бегство.
