Во Тетово почина 21-годишно момче од Ковид-19
Објавено на 25 август, 2021 во 11:37
Имаме починати шест лица од кои најмладиот е на 21 година, кажа координатор во КОВИД центарот од Тетово, Гзим Нуредини за МИА.
Како што вели Нуредини, од седум часот вчера до седум часот утрово, на болничко лекување се примени вкупно 17 лица, а деветмина се отпуштени од болничко лекување.
-Имаме починати шест лица од кои најмладиот е на 21 година. Бројот на вкупно хоспитализирани е 123 лица од кои една доза вакцина имаат само осум лица, а две дози само седум луѓе, информира Нуредини.