Временска прогноза: Ладно, локално врнежливо, со силен северен ветер со брзина од над 65 км/час

„Денешниот ден, среда, 8 октомври, во Македонија ќе помине во знакот на значително облачно и релативно ладно време со потпросечни температури на воздухот за овој период од годината. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1500/1600 метри надморска височина ќе паѓа повремен снег. И во Скопје и околината денес ќе има значителна облачност со повремен локален дожд.
Ќе продолжи да дува засилен, повремено силен ветер, од северен правец и истиот најизразен ќе биде во Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 65 км/час. И во Скопе и околината ќе продолжи да дува повремено засилен до силен ветер од северен правец,во делови од котлината повремено со брзина од над 65 км/час.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, а во Скопје температурата денес ќе се искачи до околу 14 степени, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


