Времето денеска облачно, студено и со врнежи од снег
Објавено на 21 јануари, 2022 во 09:31
Облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, а во источните делови облачноста ќе се намалува.
За време на викендов и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.