Времето денеска студено со локални врнежи од снег
Објавено на 11 јануари, 2022 во 09:28
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. На југоистокот врнежите од повремен дожд ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од врнежите од преку ноќта во поголемиот дел од земјата ќе има мала до умерена снежна покривка.
Од утре следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.