Вучиќ: Македонија е братска земја – се што чувствувате во Скопје, чувствуваме и ние во Белград

Лидерите на ЕУ и Западен Балкан денеска ќе се сретнат во Брисел, а главни теми ќе бидат напредокот во процесот на евроинтеграциите и предизвиците поврзани со руската инвазија на Украина.
Пред почетокот на Самитот говореше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
-Помина времето кога слободните и независни држави можеа да бидат уценувани и притиснати. Дојдовме овде со пријателите, верувам во европската иднина на Србија и регионот. Заедно со пријателите од регионот ќе се бориме за европска иднина почитувајќи се себеси. Приказните дека сме исплашени и некои се многу мали, а некои многу големи оставете ги за друг, тоа се приказни за мали деца и тие времиња поминаа одамна, изјавил Вучиќ.
– Северна Македонија за нас е пријателска и братска земја. Сè што чувствувате во Скопје и Северна Македонија, исто како ние да го чувствуваме во Белград. Ништо не бараме и не очекуваме од вас, само брзо да ги развиваме нашите пријателски и братски односи и верувам дека секогаш ќе бидеме заедно на европскиот пат и на сите други патишта, рече Вучиќ од Брисел.
Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето.
Прашан дали за него е прифатлива билатертилација на процесот на пристапување во ЕУ како што бара Бугарија во однос на преговарачката рамка на С. Македонија, Вучиќ одговори дека истото му е направено и на Белград со Приштина со поглавјето 35.
На прашањето на медиумите од регионот дали на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел очекува критики за невоведувањето санкции кон Русија, Вучиќ вели дека има подготвен одговор на тие критики и рече дека Србија седи на своето столче.
