Вучиќ: Можеме да ѝ помогнеме на Северна Македонија со гас, струја и храна
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во разговор за телевизија Пинк, изјави дека во рамките на проектот Отворен Балкан секој секому може да помогне и дека тоа е многу важно, особено во време на криза.
„Можеме да им помогнеме на сите со гас, со струја и храна во Северна Македонија“, рече Вучиќ на прашањето кој кому може да помогне во рамките на Отворен Балка ако дојде до поголеми кризи.
„Да речеме дека има денови кога хидролошката состојба е подобра, па Албанија може да ѝ помогне на Северна Македонија со струја, па и на Србија, обратно – Србија може да им помогне.
Вучиќ истакна дека „тоа се важни работи“ и додаде дека Србија платила и два руски противпожарни хеликоптери кои носат кофа од 5000 литри и ќе можат да им помогнат на сите. На прашањето како ќе пристигнат тие летала, Вучиќ рече дека ќе пристигнат нормално, бидејќи тоа не е оружје што некој би го забранил.