Вучиќ: Попусти во рестораните и хотелите за граѓаните од Македонија, Србија и Албанија
Се што предложија Заев и Рама јас прифатив и се што предложив јас, прифатија тие, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на денешниот Економски форум во Скопје.
-Сите велат дека Србија добива најмногу затоа што е најголема, меѓутоа тоа не е точно. Доколку оствариме нешто што Зоран го спомена пред малку, тогаш можеме да кажеме дека сме испишале историја. Ако за година и половина дена напраивме да нема застанување на границите, тоа ќе биде историја. Едноставно поминувате граница. Нашите три земји ќе ја завршат годината со вкупно 76 милиони евра вкупен БДП, што претставува помал од една Словачка. За тоа ќе ни треба 5-6 години, за да ги престигнеме. Затоа ни се потребни бизнисмените и деловните луѓе, рече Вучиќ и додаде дека со регионалната соработка најавени се попусти во рестораните и хотелите на граѓаните од трите земји, односно да се добие намалување од 3,5 или 10 проценти при посетата на туристите.