Заев: Културно-информативниот центар на С. Македонија во Тирана ќе биде мост за зближување меѓу народите на двете земји (ВИДЕО)

Објавено на 14 септември, 2021 во 17:36

Отворањето на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Тирана ќе биде мост за зближување и заемно запознавање меѓу народите на двете земји, изјави премиерот Зоран Заев денеска по работниот ручек на лидерите на Западен Балкан.

Според него, културно-информативниот центар ќе биде место за средби и иницирање нови идеи за многубројни взаемни активности во областа на културата.

-Овие иницијативи се сериозни изрази на длабокото и искрено пријателство меѓу двете земји и се потврдува дека се дел од европското семејство, дека таму припаѓаат, и дека со многу исполнети критериуми за пристапност и формално го заслужува своето место во заедничкиот дом – Европската Унија, посочува премиерот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.