Започна обврската на маркетите за јавно побјабување на цените и на веб страни, трговците бараат одлагање на мерката

Објавено на 18 април, 2025 во 12:32

Трговците од денеска имаат обврска јавно да ги објавуваат продажните цени на веб страници. Ова е предвидено во Правилникот за малите, средни и големи трговеци кои вршат дејност трговија на мало согласно Националната класификација на дејностите во која наведено е дека сите имат должност дневно да ги објавува цените на производите кои ги пласира на пазарот на својата веб-страница, на јасен и достапен начин, преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените (Ценовник).

Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава. Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка, трговецот е должен да ја корегира грешката во рок од 24 часа.

Од Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехрамбени производи упатија официјално барање до Министерството за економија за продолжување на рокот за изработка на веб-страница на правните субјекти коишто подлежат на оваа обврска.

„Ценејќи ја важноста на дигиталното присуство како неопходен елемент за современо и конкурентно делување на пазарот, напоменуваме дека значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект. Притоа, сакаме да истакнеме дека станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива имплементација поради комплексноста и обемноста на материјата,“ соопшти Комората.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.