Зеленски и се закани на Русија- Не даваме територија во замена за мир, нашето знаме ќе се вее на Крим

Објавено на 8 јули, 2022 во 10:44

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека подигањето на украинското знаме на Змискиот остров е знак дека Украина нема да биде скршена ниту пак дека ќе се предаде. Изјавата на Зеленски успеди откако рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот дека нивните напори војнички да го потрошат и поразат , ќе предизвика уште поголема трагедија за Украина.

Во своето обраќање до парламентарните лидери, Путин рече дека Русија само што започнала во Украина и дека изгледите за преговори ќе се намалуваат колку подолго се одолговлекува конфликтот.

Многу пати сме слушнале дека Западот сака да се бори против нас до последниот Украинец. Тоа е трагедија за украинскиот народ, но се чини дека се оди во таа насока“, изјави Путин.

Зеленски во својата ноќна видео порака во четвртокот одговори дека двомесечната операција за повторно заземање на Змискиот остров е предупредување за сите руски сили.

„Секој руски капетан, без разлика дали е на брод или во авион, нека го види украинското знаме на Змискиот остров и нека знае дека нашата земја нема да биде скршена“, рече Зеленски.

Малиот остров јужно од пристанишниот град Одеса стана симбол на украинската решителност.

Кога на малиот украински гарнизон на островот му беше наредено да се предаде во февруари, тие ги одбија руски напаѓачи по што со жесток воздушен напад беа убиени.

Русија го напушти островот кон крајот на јуни во, како што рече, гест на добра волја, Враќањето на Змиското острво под свој суверенитет Украина го престави како голема победа.

Во четвртокот Украина го подигна своето сино-жолто знаме на повторно заземениот Змиски остров. Русија одговори со напад на островот со воени бродови и уништување на украински одред кој беше вратен на островот , тврди Москва.

Путин ја нападна Украина на 24 февруари, во, како што ја нарекува, „специјална воена операција“ за демилитаризација на Украина, искоренување на опасните националисти и заштита на населението што зборува руски. Украина и нејзините сојузници тврдат дека Русија започнала империјалистичко распарчување и отуѓување на територии.

Најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна чинеше илјадници животи, раселени милиони и ги срамни со земја украинските градови. Киев и Западот ги обвинуваат руските сили за воени злосторства. Москва ги отфрла овие обвинувања и тврди дека спецјалната воена операција не е насочена кон цивили.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.