Утре се укинува мерката заштитната мерка за пченицата
Објавено на 2 септември, 2013 во 21:08
Од утре нема да важи спорната одредба за ограничување на увозот на пченица. За властите во Србија најважно е што проблемот е решен со помош на ЦЕФТА.
Државниот секретар во српското министерство за земјоделство, Данило Голибовиќ изјавил дека бил свикан Комитетот на ЦЕФТА и Србија добила подршка од сите членки.
-Македонија беше таа која беше „лошо момче” во оваа ситуација и не беше коректно што го пролонгираа моментот кога ќе ја укинат оваа мерка – изјавил Голубовиќ.
Мерката за ограничување на увозот на пченица од македонската Влада беше укината минатата недела по оценката дека пазарот е стабилизиран.