Земјотрес ја погоди Грција, почувствуван и во Македонија
Објавено на 12 мај, 2021 во 10:03

Синоќа неколку земјотреси ја погодија Грција, кои исто беа почувствувани и во јужните делови на Македонија.
Во 21:31 часот по грчко време, земјотрес од 4.7 степени по Рихтеровата скала го погодил јужниот сосед, а потресот бил почувствуван и во битолскиот регион.
Според Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југозападно од Костур.
Земјотресот е почувствуван најмногу во Битола, Ресен, Охрид.
Синоќа серија земјотреси ја погодија и Албанија, односно се тресело тлото во градовите Корча и Елбасан.
