Земјотрес ја стресе источна Македонија

Објавено на 22 јуни, 2023 во 12:42

Земјотрес денеска ја погодил Источна Македонија, информираа од Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Како што објавија, потресот се случил во 9 часот и 53 минути, со епицентар на 11 километри северо-западно од Берово. Се додава дека јачинот на земјотресот била 2,4 степени според Рихтер.

Се огласија и од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Информираат дека земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала утринава во 9 часот и 53 минути e почувствуван во Берово.

– Денес 22.06.2023 година во 09 часот и 53 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7, соопштија оттаму.

Земјотресот бил почувствуван и на територија на Бугарија.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.