Земјотрес во Албанија, почувствуван во северозападните делови на Македонија
Објавено: 15 септември, 2021, во 17:56 часот
Земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија на 170 километри северозападно од Скопје денеска е регистриран во 14 часот и 26 минути, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.2, а беше почувствуван од населението во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.


