Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“, се чека околу 40 минути
Објавено на 25 јули, 2023 во 09:30

На граничниот премини Табановце за влез и на Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојуз на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк
