„Железници“ доби нова помош од Владата за исплата на плати и враќање на долгови
Нова помош ќе биде наменета за „Македонски железници – транспорт“ од страна на Владата. Со најновата одлука на Министерството за транспорт и врски, на акционерското друштво за железнички транспорт ќе му се префрлат 2,5 милиони евра за исплата на плати и враќање на долгови. Според информациите, станува збор за вонредна помош, надвор од редовното субвенционирање на патничкиот транспорт.
Оваа одлука е донесена на седница пред повеќе од една недела и доаѓа во период кога претпријатието има големи долгови.
Претходно во октомври 2023 година, беше објавено дека „Македонски железници“ ќе мора да врати долг од 4 милиони евра на ЕВН поради неплаќање струја. Според информациите, долгот бил направен во последните две до три години. Освен на ЕВН, „Железници“ ѝ должи и на државната МЕПСО.
Поради таа причини, Владата се согласи да им даде уште 15 милиони евра за покривање на долговите. Во декември 2022 година, двесте милиони денари беа ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на „Железници на Македoнија – Транспорт“, откако тогаш ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес.
Според податоците на Министерството за финсии, двете претпријатија – транспорт и инфраструктура 2023 ја завршија со вкупен долг од 105 милиони евра, 5 милиони повеќе од претходната година, кога инфраструктура се задолжила за нови 8 милиони евра.
Дума.мк