Временска прогноза
Објавено на 16 јануари, 2016 во 06:48
Денеска ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел.
На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. Во недела врнежите ќе бидат слаби. За време на викендот и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина околу 80 км/час, што ќе предизвика локално создавање на снежни наноси.
Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.