Денеска неработен ден за Бошњаците и припадниците на Еврејската заедница

Објавено на 28 септември, 2020 во 08:55

MTPS fin

28.09.2020

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2020 година (понеделник), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Исто така согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2020 година (понеделник) е неработен ден и за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија, Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. 

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница и на граѓаните припадници на еврејската заедница, им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците и првиот ден на Јом Кипур.​

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.