Загинаа четворица планинари во Франција

Објавено на 2 март, 2018 во 16:51

Најмалку четворица планинари загинаа во лавина на југот од Француските Алпи, во петок, соопштија властите.

Лавината се случила кај скијалиштето Entraunes, а локалните жандарми велат дека уште едно лице се води како исчезнато, а едно е повредено.

Лавината почнала нешто пред 13 часот, во предел наменет за планинарење. Шесмина планинари биле затрупани од снег.

Јужниот дел од Франција е погоден од големи снежни врнежи деновиве, но температурата почна да расте, па можни се лавини.

Имаше неколку смртоносни лавини зимава во Франција, а само пред една недела во лавина загинаа татко и ќерка што скијале. Трагедијата доаѓа само неколку дена откако во лавина загинаа тројца скијачи на Пиринеите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.