„Bullet Train“: Објавен првиот ТРЕЈЛЕР за долгоочекуваниот филм на Бред Пит и Сандра Булок
Објавено на 8 март, 2022 во 10:57
Објавен е првиот трејлер за новиот филм „Bullet Train“ во кој главната улога му е доверена на Бред Пит.
Станува збор за филмската адаптација на јапонскиот бестселер „Maria Beetle“ од Котаро Исакa, во која Пит го толкува ликот на „Бубамара“, платен убиец во мисија да пронајде мистериозна чанта во брз воз во Токио.
Сепак, тој наскоро сфаќа дека неколку негови „колеги“ се на возот со слична цел.
Покрај Бред Пит, во филмот играат и Џои Кинг, Арон Тејлор-Џонсон, Мајкл Шенон, Зези Битс и Сандра Булок.
Оваа акциона комедија ја режираше Дејвид Лич, режисер познат по „John Wick“, „Deadpool 2“ и „Hell’s Streets: Hobbes and Shaw“.
Премиерата е закажана за 15 јули.