Четири начини на кои го поттикнувате лошото однесување кај вашето куче
Кога нешто ќе тргне наопаку, лесно е вината да се префрли на кучето. Но, најчесто ние луѓето сме причината поради која нашите кучиња се однесуваат лошо. Еве и како…
Го поттикнувате лошото однесување
Иако не го сакате тоа, можеби не сте ни свесни дека го правите тоа, како на пример кога ќе му оставите храна или вашите омилени чевли на дофат, или кога ќе го погалите по глава кога ќе скокне врз вас. Внимавајте на тоа во иднина.
Не вежбате со него, односно не го шетате и играте доволно
Или не го вежбате и играте доволно, а постои една добра изрека која вели дека уморното куче е добро куче.
Немате правила
Еден ден го наградувате, а другиот ден го казнувате за истото однесување. Можеби не сте свесни за ова, но со тоа го збунувате кучето, односно го поттикнувате повеќе да не разбира што смее, а што не. Воведете јасни правила и побарајте од другите членови на домаќинството да ги почитуваат.
Се фокусирате само на лошото однесување
А добрите речиси и да не ги забележувате. И ако го правите тоа, вашето куче ќе продолжи да се однесува лошо затоа што на тој начин го привлекува вашето внимание.