Ријана и Крис Браун заедно ?
Објавено на 4 декември, 2012 во 22:31
Доказ дека Ријана му прости на Крис Браун и покрај сите несогласувања и повредите што тој и и ги нанесе се фотографиите поставени на социјалните мрежи.
Дека нивната романса е во најдобрите денови парот докажува секој ден. Најновите фотографии кои тие ги споделија со фановите покажуваат како тие уживаат заедно во секој момент.
Во неделата наутро Крис постави слика на која се гледа како заедно со Ријана уживаат на лежај.
Парот во јавноста не зборува за љубовта, но одвреме навреме известува преку социјалните мрежи. Минатиот викенд Ријана објави фотографија од своето ново златно ланче, кое најверојатно и го поклонил Крис.