Џастин Бибер и Селена Гомез повторно заедно!
Објавено на 23 декември, 2012 во 17:38
Тинеџерските ѕвезди Џастин Бибер и Селена Гомез се повторно заедно, судејќи по бакнежите кои тие ги разменуваат на аеродромот во Лејк Сити.
Џастин и Селена за зимските денови решија да се загреат со својата љубов, па така одејќи на празничното патување се забележани на аеродромот.
Селена го следела Џастин цело време, а додека се бакнувале раката на Џастин била околоу нејзината половина.
„Беа многу нежни еден према друг, и се гледаше дека се зљубени“, изјавува сведок на настанот.
Од неодамна од кога раскинаа, Џастин започнал да и праќа љубовни пораки на Селена во кои ја молел да му се врати, а изгледа дека и пораките вродиле со плод.
