Кетрин Зета-Џонс повторно во болница

Објавено на 30 април, 2013 во 14:48

Актерката Кетрин Зета-Џонс повторно побара помош поради биполарното нарушување од кое страда, што според зборовите на нејзиниот издавач, е „проактивен“ начин на грижа за нејзиното здравје.

Ова е , како што пренесуваат агенциите, втор пат актерката да бара експертска помош од 2011 година, кога првпат се појавија информациите дека има биполарно нарушување од типот 2, што е блага форма на болеста, која се карактеризира нагли промени на расположението и хистерично однесување.

– Кетрин проактивно се пријавила во болница, рече издавачот Сиси Јорк. Кетрин и претходно зборуваше дека е посветена на повремени одења на лекар, со цел на оптимален начин да се грижи за нејзиното здравје.

Зета-Џоунс, која доби Оскар за улогата во мјузиклот „Чикаго“, првпат се пријави во болница после стресот предизвикан од тоа што на нејзиниот сопруг, актерот Мајк Даглас му беше откриен рак на грлото.

Засега не се знае причината за повторно одење кај лекарот./В.Р

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.