Слеш во одбрана на ајкулите
Објавено на 2 мај, 2013 во 15:28
Легендарниот американски гитарист Слеш се појавува во спот на организацијата „Шарк френдли маринас“, која ги заштитува ајкулите.
Во видеото се зборува за зачувување на овие животни бидејќи нивниот број се намалува.
– Последните податоци покажуваат дека годишно се убиваат над 100 милиони ајкули. Тоа значи дека секоја секунда се убиваат по три ајкули. Тоа е неиздржливо и не е во ред. Ајкулите треба да имаат здрав океан. Ве молам да се вклучите за да се спречи ловот. Не купувајте производи направени од ајкула, не ловете ајкули, а ако се случи да уловите една, веднаш пуштете ја – истакнал Слеш./В.Р