Почесна награда за Мајкл Палин од Монти Пајтон
Објавено на 4 мај, 2013 во 14:34
Британскиот актер Мајкл Палин еден од идејните творци на Летечкиот циркус Монти Пајтон, добитник е на овогодишната почесна награда на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА).
Наградата што се доделува за животно дело, ќе му биде врачена на свечена церемонија на 12 мај.
Палин кој утре ќе прослави 70-ти роденден, изјави за Би-Би-Си дека неговиот успех е резултат на „тимска работа“.
– Имав среќа во кариерата да добивам инспирација и поддршка од другите луѓе. Наградата е за сите нас, изјави популарниот комичар.
Во 1989 година освои награда Бафта за најдобра споредна улога во филмот Рибата наречена Ванда./В.Р