Еве го фустанот што Есма ќе го носи на Евровизија
Објавено: 4 мај, 2013, во 14:51 часот
По многуте објавени слики на социјалните мрежи за тоа што Есма и Влатко ќе носат на Евровизија во Малме, конечно имаме веродостојна фотографија со фустанот на Есма, објавена на Евровизија Македонија, официјалниот профил на Фејсбук.

Фустанот на Есма е креација на Елена Лука, а за неговата изработка биле ангажирани 10 вработени во салонот. Црвениот фустан е украсен со камчиња купени во странство. Наскоро очекуваме да го видиме и аутфитот на Влатко./В.Р
