Се омажи Кира Најтли
Познатата британска актерка Кира Најтли вчера се венча со нејзиниот вереник, членот на групата „Клексонс“, Џејмс Рајтон, јави ДПА.
Тајната церемонија на која Најтли (28) и Рајтон (29) го кажале судбоносното „да“, се одржала на имотот на актерката во францискиот регион Прованса, во присуство на десетина гости.
Градоначалникот на местото Мазан, на чија територија се наоѓа имотот, Аим Навело изјави дека ја венчал двојката „во согласност со француската традиција“.
Според Навело, церемонијата на венчавање била извршена на француски јазик, при што младенците одговарале на поставените прашања на француски и на англиски јазик.
Најтли, која стекна светска слава со улогите во филмовите „Пиратите од Карибите“ и „Гордост и предрасуди“, и Рајтон се верија пред неполна година./В.Р