Мајк Тајсон сака да го глуми Отело
Објавено на 9 мај, 2013 во 16:16
Мајк Тајсон, кој моментно е на турнеја во САД, сака да се обиде на театарската сцена. Ни помалку ни повеќе, поранешниот боксер сака да глуми во Шекспировото “Отело”. Тој признава дека можеби би му требало подолго време за подготовка на улогата.
– Ако ми дадете доволно време, можам да направам се. Не велам дека сега сум подготвен за тоа. Но сакам да се обидам – вели 46-годишниот боксер за “Њујорк дејли њуз”.
Тој досега има глумено во неколку филма. Во “Мамурлак” се глумеше себеси./В.Р