Пол Макартни нападнат од скакулци

Објавено: 9 мај, 2013, во 16:19 часот

Легендарниот Пол Макартни доживеа непријатност за време на својот настап во Бразил, кога го нападнаа скакулци.

Рој скакулци полетаа кон рефлекторите на сцената во Гоианија во Бразил, а потоа неколку од нив полетаа кон музичарот, додека тој свиреше на клавир, пишува “Сан”.

Ова изненадување тој го дочека со насмевка, додека се обидуваше да остане на своето седиште.

Сепак, на крајот се добро се заврши, а Макартни ги воодушеви обожавателите изведувајќи бројни хитови од “Битлси”./В.Р

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.