Бијонсе го откажа концертот во Антверпен
Објавено на 15 мај, 2013 во 09:35
Во последен момент, поради дехидрираност и исцрпеност, американската пејачка Бијонсе го откажа концертот кој синоќа требаше да се оддржи во Антверпен, Белгија.
Во соопштението обајвено на интернет страницата на спортската сала каде требаше да се оддржи концертот пред 15.000 гледачи стои дека лекарите на пејачката и препорачале подолг одмор поради дехидрираност и исцрпеност.
Славната пејачка, како што стои во соопштението, очекува мислење од нејзиниот лекарски тим за тоа дали да ја продолжи концертната турнеја.
Бијонсе ја започна турнејата „Mrs. Carter World Tour“ на 15 април во Белград, а истата е планирано да заврши на 5 август во Њујорк, САД./В.Р
