Бијонсе: „Никогаш во животот не сум одложила концерт. Антверпен се гледаме вечер.“
Објавено: 15 мај, 2013, во 14:36 часот
Поп дивата Бијонсе по објавената официјална вест дека го откажува својот концерт во Антверпен, Белгија, на својот Фејсбук профил објави фотографија на која е испишана нејзината реакција за откажаниот концерт.
„Никогаш во животот не сум одложила концерт. тоа беше многу тешко за мене. Ви благодарам за вашата загриженост, се чувствуам многу подобро и сум подготвена да ви приредам вистинско шоу. Се гледаме вечер“, објави Бијонсе на својот профил на Фејсбук.

Концертот официјално беше откажан зошто лекарите на пејачката и забраниле да настапува поради дехидрираност и исцрпеност и и препорачале одмор.
Но, изјавата на Бијонсе сигурно ги израдувала 15.000 фанови кои го очекуваат концертот во Антверпен./В.Р
