Ви недостигаат ли летото, сонцето и лесната облека?

Објавено: 30 септември, 2014, во 06:30 часот

Враќањето на работните обврски после годишниот одмор е навистина стресно, а кога на тоа ќе се надоврзе раната есен и неубавото време, прилично многу луѓе запаѓаат во есенска депресија. Но, за среќа, тоа не е клиничка депресија, туку релативно нормална меланхолија.

Психолошките причини се дополнети и со физиолошки, бидејќи човековото око во есенските денови сигнализира помалку дневна светлина до мозокот, а на тој начин се намалува нивото на хормонот на среќата.

Но, ваквата состојба на умот и телото може да се совлада со некои мали промени во животниот стил и исхраната.
За почеток, задолжително што повеќе излегувајте на сонце во текот на денот, бидејќи сонцето поттикнува лачење на хормонот на среќата, сератонин. Зголемете го и внесувањето на витамин Д и внесете повеќе риба во исхраната.

Осветлени простории исто така позитивно делуваат на вашето расположение. Затоа тргнете ги завесите и кренете ги ролетните. Навечер пред спиење оставете ги ролетните кренати, за да следниот ден ве разбуди дневната светлина.

И секојдневно вежбање е од голема помош, бидејќи секоја физичка активност го подобрува расположението, а исто така влијае одлично врз здравјето.

Сетете се на вашето хоби и поминете некое време занимавајќи се со таа активност, бидејќи креативната работа во комбинација со динамична музика има благотворно влијание на вашето расположение.

И секако, смејте се. Насмевката ги брка сите лоши мисли и негативна енергија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.