Помина времето на делење комплименти
Одамна поминаа времињата кога да се даде комплимент на една дама беше дел од бонтон. Денес скоро 90 посто мажи се плашат да пофалат некоја жена. И тоа со добри причини.
Денешните мажи станале толку оптоварени со политичка коректност што се плашат да дадат комплимент. Нивната резервираност не е без причина, бидејќи дури 65% од жените се сомневаат во невиноста на ласкавите коментари од нивните колеги на работа или од некој познаник, мислејќи дека тоа има задна намера.
Анкетата на францускиот производител на вино, открива дека 89% од жените кои учествувале во студијата признале дека им годат комплиментите, но 67% од нив се чувствуваат непријатно кога ги фали некој друг освен нивниот партнер.
Околу 12 посто жени изјавиле дека во последните три месеци никој не им дал комплимент
Според истражувањето, жените најмногу сакаат да ги фалат за нивната способност да ислушаат некого и да дадат совет, но и за постигнувањето успешен баланс помеѓу кариерата и приватниот живот. Дел од посакуваните комплименти се и пофалбите за нивниот изглед, фризура или стил.
Ласкањето навистина функционира
Многумина го ценат ласкањето кое има очигледни искрени мотиви, но треба да се направи разлика од оние луѓе кои имаат навика секојдневно да ласкаат, даваат постојани комплименти и постојано ги слушате како велат: “Одлична кравата шефе!”,
“Знам дека само што се запознавме, но кој не би се заљубил во ваква убавица?”
Но, што ако ваквите реченици навистина функционираат?! Но не само кај оние наивници кои не можат да ја согледаат разликата помеѓу комплимент и “улизување”, туку и кај они кои ја препознаваат задната намера на тие изјави.
Ваквата хипотеза ја поставија научници, ја докажаа а потоа ја објавија во магазинот Journal of Marketing Research. Најновото истражување покажа дека голем број на луѓе сакаат да им се ласка, дури и кога се свесни дека ваквите зборови не се искрени.
Теоријата го потврдува тестот во кој испитаниците делеле флаери во своите продавници, а најдобро поминале оние кои на своите потенцијални потрошувачи им делеле комплименти, иако станувало збор за очигледно празни зборови, потрошувачите уживале во пофалбите. Според професионалците, без разлика на тоа дали се работи за лажни или искрени комплименти, нивната вредност останува иста кај оној кој ги прима убавите зборови.
