За да се чувствувате подобро…

Објавено на 16 октомври, 2014 во 07:05

Науката покажува дека советите да седиме и стоиме исправено, кои цело детство сме ги слушале од нашите родители, и тоа како имаат смисла и основа.

Имено, да се исправите додека седите или одите е клучот за инстантно да го поправите вашето расположение! Најновите истражувања откриваат дека положбата на телото силно влијае на состојбата на умот и на емоциите.

Во истражувањето, чии резултати се објавени во списанието Health Psychology, учествувале 74 испитаници. Научниците од Нов Зеланд го тестирале држењето на нивното тело, при тоа мерејќи им го отчукувањето на срцето и нивото на стрес. Испитаниците одговорале и на прашања поврзани со нивното чувство на самодоверба.

Се покажало дека положбата во која го држиме телото и тоа како влијае врз тоа како се чувствуваме. Авторите на истражувањето велат дека испитаниците кои се држеле исправено почесто изјавувале дека се чувствуваат ентузијастички, возбудено и силно. Оние, пак, кои биле подгрбавени, во тестирањето одговориле дека се чувствуваат исплашено, загрозено, нервозно, поспано и здодевно.

Исправеното држење на телото е поврзано и со поголема самодоверба, со помали социјални стравови и со поретка појава на непријатни емоции. Се покажало дека исправената положба на телото има поголемо влијание и врз здравјето – таквите испитаници имале поздраво срце и нормален крвен притисок.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.