Не губете надеж додека барате работа

Објавено на 29 октомври, 2014 во 11:12

Без рзалика дали сме во потрага или го чекаме „оној вистинскиот“ или бараме работа, најважно е да знаеме кои сме и што навистина сакаме. Ако станува збор за работа, таа треба да биде во согласност и со нашите знаења и можности, но и со нашата филозофија и животни ставови.

Желби, посакувања, можности, планови…ставете сè на хартија

Мора да признаете дека има некои сличности во потрагата по работа и по партнер. Прашањата како што се „дали им се допаѓам?“, „дали да ги побарам?“, или, „како да покажам дека сум заинтересирана, а притоа да не изгледам очајнички?“, не се резервирани само за барање работа.

ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СЕБЕСИ

Дали сте од оние кои премногу обрнуваат внимание на деталите, или не ги гледате дрвјата од шумата? Дали поседувате квалитети на водач? Мора да бидете свесни за своите маани и за своите предности. Тоа е првиот чекор за да се запознаете себеси.

КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРИОРИТЕТИ

Што ви е на прво место, интегритетот или професионализмот? Кариерата или семејството? Направете листа на приоритети и цели, како долгорочни така и краткорочни.

ЗАМИСЛЕТЕ ГО СВОЈОТ ИДЕАЛЕН ДЕН

Замислете си ден од вашите соништа, без разлика колку неверојтно изгледа. Ако тоа би значело да станете доцна, да појадувате на тераса  покрај море, да седите на компјутер и да пишувате роман, или да одите на коктел со филмски продуценти, или навечер да проверувате дали децата заспале…стремете се кон таков живот.

Ако вашиот сон е да станете приватник или писател, зошто тогаш се пријавувате за место во ИТ секторот?

НЕ СЕ ОГРАНИЧУВАЈТЕ

Пријавете се за секое место кое ви се чини привлечно, примамливо или возможно, без разлика дали ги поседувате сите знаења и квалификации. Истражувањата покажаа дека мажите се јавуваат на оние огласи за кои исполнуваат 60% од бараните критериуми, додека жените ја немаат таа храброст и убедени се дека ги задоволуваат критериумите 100%.

ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОЛКУ ВРЕДИТЕ

Без оглед на тоа дали имате или немате диплома, кежете си себеси дека спаѓате во вредни личности и дека поседувате квалитети да станете одличен работник.

Меѓутоа, внимавајте: линијата помеѓу самодовербата и ароганцијата е многу тенка. Арогантен човек ќе си рече „јас сум најдобар од сите“, а самоуверениот „има многу талентирани кандидати. И јас имам нешто што можам да и го поудам на вашата компанија.”

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.